За АС ОИЛ М1:

Компанијата АС ОИЛ М1 е формирана во 2002 година со седиште во Скопје и од 2002 година е единствен овластен претставник на ExxonMobil за широката програма на Mobil и ESSO маслата за Македонија и Косово.

Професионалноста на менаџерскиот тим и искуството во дадената област како и оdличните брендови Mobil и ESSO кои се познати во светот по нивниот квалитет, допринесоа да се постигне голем успех на пазарот што е доволен гарант за светла перспектива на компанијата а воедно и на двата производи.

Резултатите не се случајни туку се резултат на одличното менаџерство и професионално составени и спроведени бизнис планови со професионални екипи за одредените области. Постигнатите резултати говорат за долгорочно обезбедени позиции на пазарот за продажба на маслата Mobil и ESSO.

АС ОИЛ М1 моментално има 20 вработени. Благодарение на ефeктивната и успешната работа на екипите, на нивниот целосно професионален и коректен однос према клиентите вклучувајќи го и нивниот придонес за секојдневното зголемување на резултатите, можноста за уште подобро позиционирање на пазарот и  зголемувањето на бројот на вработените во блиска иднина е визијата на Компанијата.

АС ОИЛ М1 како овластен увозник и дитрибутер на ExxonMobil за Македонија со своите активности е проширен и на Косово, преку фирмата АСОИЛ М1 –Приштина и го има правото за застапништво и дитрибуција на територијата на Косово за производите од програмата на Mobil и ESSO. Ве молиме кликнете на следниов линк за претставништвото во Косово.

За ExxonMobil Корпорацијата:

ExxonMobil е најголемата нафтена компанија во светот а воедно и со највисоко реноме во областа на обработката на нафтените деривати и со најголема сериозност ги избира своите партнери и нејзините претставници.

ExxonMobil нуди широк спектар на минерални и синтетички масла, меѓу кои повеќето од нив наоѓаат употреба кај светските производители на опрема. Нашите производи ги задоволуваат најновите стандарди и продажбата оди преку овластените дистрибутери за Mobil и ESSO, особено кај продавачите на мало и кај сервисите кои вршат промена на масло. Доколку опремата е суштински дел за успехот на вашиот бизнис, можете да сметате на нашите производи и услуги кои ќе ви овозможат квалитетно, безгрижно и непречено функционирање на вашиот бизнис. Би сакале да ви помогнеме вашиот бизнис да се движи напред.

Ова е кратка видео сторија за ExxonMobil Корпорацијата:

ExxonMobil ги продава своите производи под името ESSO, Mobil и ExxonMobil. Повеќето возачи се мошне блиски со ESSO и Mobil брендовите и дневно доаѓаат во нашите сервиси да извршат промена на маслото дури и кога се на пат. Бројни наши производи се употребуваат во Авијација, Хемикалии, Поморство, базно масло и специјални производи, се маркирани под ExxonMobil брендот. Без оглед дали брендот е ESSO, Mobil или ExxonMobil, нашите потрошувачи мора да бидат сигурни во една работа: производот ги задоволува највисоките стандарди за квалитет.

За подетални информации, Ве молиме да ја посетите официјалната веб страна:
www.exxonmobil.com/corporation

Новости

Добре дојдовте на нашата нова веб страна. Како што гледате направивме нов дизајн преку кој... повеќе

 

 

Visitors:

Copyright © 2007 ABC-PRODUKT All rights reserved.